Саша Поповиќ, легендарниот музички продуцент и креативен директор на Гранд продукција, почина денеска, 1 март, на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.

Тој остави неизбришлива трага на балканската музичка сцена, обликувајќи ги кариерите на бројни изведувачи и создавајќи еден од најгледаните музички натпревари во регионот. Последните денови ги помина во клиника во Париз, опкружен со семејството и најблиските пријатели.

Поповиќ има големи успеси во текот на својата кариера која се протега над 40 години, а еден од неговите најуспешни проекти е „Ѕвездите на Гранд“ кој работи веќе 20 години.

Овој музички натпревар стана еден од омилените во целиот регион!

Актуелната сезона на „Ѕвезда Гранда“ започна во септември 2024 година, но без креативниот директор Саша Поповиќ.

Поповиќ поради здравствени проблеми мораше да отсуствува на снимањето, но тој командуваше и телефонски учествуваше во програмата.

Меѓутоа, сега кога пристигна најтажната вест, емитувањето на новата епизода е одложено.

Како што беше планирано, во 21 часот на телевизија Сител требаше да се емитува нова епизода на „Ѕвезда Гранда“, но емитувањето беше прекинато уште пред да започне.

По веста за смртта на Саша Поповиќ, програмата е сменета.