Поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, ќе биде еден од обвинетите за минатогодишниот пожар во модуларната ковид-болница во кој загинаа 14 лица, пренесува А1он.

Извори од тетовскоото јавно обвинителство тврдат дела истрагата покажала дека има одговорност за пожарот во модуларната болница. Освен Бесими одговорност ќе се бара и од други две физички лица, кои исто така, имале раководни позиции.

Одговорноста се темели на хиерархиската поставеност, односно обврската функционерите да водат грижа за воспоставување на правилата и нивно почитување во болницата.

Според извештајот на обвинителството, пожарот настанал по спој на струја во продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор со кој се реанимирал пациент.