Новиот премиер Христијан Мицкоски денеска пристигна во Владата, каде што од денеска ќе треба да ја презеде новата функција, откако вчера неговата влада беше изгласана во Собранието.

Мицкоски ќе ја презеде функцијата од Талат Џафери, а на влезот од Владата беше дочекан од своите блиски соработници Владимир Неловски и Игор Јанушев.

Како што претходно најави ТВ21, Владимир Неловски ќе му биде шеф на кабинет на премиерот, додека Игор Јанушев се очекува да биде новиот генерален секретар.