7000 евра на месечна основа во последните неколку години изнудил Усеин Рашидов од неговата жртва, вчера убиената Танкица Младеновска, објави Телевизија Стар.
Рашидов прецизно водел евиденција колкава е месечната кредитна рата на Младеновска и на месец или два пред завршувањето на кредитните обврски, тој инсистирал на нов кредит.
-Често, освен од банките ја принудувал да повлекува и брзи кредити со нејзината плата. Танкица никако не можела да ги исполни барањата на Усеин, поради што често позајмувала пари, а нејзини блиски ѝ помагале знаејќи каде и одат парите и во колкав ризик живеела таа, објави телевизијата.
Од друга страна, оние што го знаат, за Рашидов велат дека бил секогаш стокмен, во многу случаи галантен и многу убедлив. Примал социјална помош, а работел на црно, но обезбедувал и други приходи. ВО неговата заедница и опкружување бил пример за снаодлив човек. Рашидов е оженет и е татко на две деца