Бугарските државјани, навивачи на фудбалскиот клуб Левски од Софија кои денеска беа уапсени во Скопје, ноќва и утрешниот ден ќе ги минат во полициска станица дознава 24инфо.
Како што е потврдено од МВР за сите им е одреден 24часовен притвор, по што утре ќе бидат изнесени пред надлежен суд.
Според законските одредби и толкувањата на правниците, на сите уапсени им се заканува казна – забрана за влез во државата.
Инаку, во текот на денот стотина навивачи на Левски дојдоа во Скопје на натпреварот со скопски Шкупи, а пред натпреварот се случи еден инцидент во населбата Чаир, додека на стадионот во Градски парк група од бугарски навивачи се судри со полицијата по што најмалку девет бугарски државјани беа приведени.