(ФБ статус на пратеникот Љупчо Пренџов)

👉 Ова е Ванчо Михајлов. Човек со седум смртни пресуди и една пресуда за доживотен затвор, изречени токму од бугарската држава.

👉Овој човек е најголемиот антимакедонист во нашата историја. За овој човек, Македонците не се народ ниту нација, туку како што вели тој во неговите интервјуа, тоа се говеда.

👉Овој човек, до неговата смрт, убедуваше секаде каде што имаше прилика, дека ние Македонците сме чистокрвни бугари.

👉 Овој човек е најголемиот изрод роден на Македонска земја.

👉 Овој човек во времето во кое што живеел имал нарачано убиства на огромен број Македонски револуционери кои искрено се бореле за Македонија да биде самостојна и суверена држава.

👉 Овој човек бил сојузник на фашистите во втората светска војна и се гордеел со таа своја улога.

👉 Бугарската држава вчера, во сред Битола отвори “културен центар” кој ни повеќе ни помалку ќе го носи името на овој крвник.

👉 Македонската држава пак, на чело со СДСМ односно со децата и внуците на оние кои правеа кариери и доаѓаа на власт со темата “Бугарија” и Ванчо Михајлов, “умно” молчи.

👉 Нема дно кое не можат да го пробијат. Се нема гордост, кичма и национално достоинство.

👉Во гроб се превртуваат сите наши предци кои крвареле и сонувале за Македонска државност. Нивните предци највеќе. Втор пат ги предаваат партизаните, првиот пат беше кога одлуките на АСНОМ ги исфрлија од Уставот.

⛔️ Ама кога се работи за месец или два повеќе на власт….

‼️ Овака нема добрососедство и взаемно почитување.