Од УХМР велат дека рекордот со највисока измерена температура досега во Македонија е постигнат на 24 јули 2007 година во Демир Kапија, кога се измерени 45,7 Целзиусови степени.

Рекордот за Скопје е во истиот тој ден, кога температурата се искачи до 43,4 степени. Оттогаш не е измерена повисока температура иако 2012 година беше најтопла година досега, кога и во зимата и во летото средните месечни температури беа највисоки откако се мери.

– На 24 јули 2007 година се измерени досега највисоките температури во Македонија и оттогаш не се надминати. Температурите официјално ги мериме од 1948 година. Имало мерења и порано, но не сме сигурни колку се прецизни – велат од УХМР.