Земјотрес со јачина од 3.9 степени по Рихтер вечерва ги затресе граѓаните на Србија и Македонија.
Епицентарот на земјотресот е на 9 километри од Врање и на 80 километри од Скопје, поточно на македонско-српско-косовската граница.
Земјотресот е на длабочина од 10 километри и засега нема регистрирана материјална штета.
Ова е втор земјотрес во 24 часа на речиси исто земјено подрачје. Првиот земјотрес беше регистриран рано утринава околу 5 часот по локално време.