Читателка на порталот Morski.hr од островот Иж испратила фотографија од медуза. Имено, како што тврди таа, островот е полн со нив веќе два дена, вчера изгорел многу луѓе, деца, најмногу на рацете. Ги има насекаде и сите се воздржуваат од капење. Вели дека не знае дали некој ги контактирал надлежните и дали има смисла или треба туристите само да чекаат да си заминат.

Morski.hr дознава дека се работи за вид на Pelagia noctiluca или позната како Морска меселина. Ова е една од најдолгите познати медузи пронајдени во сите потопли мориња. Иако изгледа прекрасно, средбата со пипалата на оваа медуза е болна. Морските струи често ја носат долж брегот. Деновиве е забележана во националниот парк Мљет.

Според описот на Центарот за инвазивни видови во Пореч, навистина може да има закана за капачите покрај брегот.

– Името pelagia noctiluca доаѓа од грчкиот збор pélagos (отворено море) и од латинскиот nox (ноќ) и lux (светлина), така што Pelagia noctiluca може да се опише како суштество во морето кое има способност да свети во темнина.

Станува збор за релативно мала медуза со полукружна розова капа под која се наоѓаат пипалата. Расте до 20 сантиметри во должина и до шест сантиметри во дијаметар на „шапката“.

Масовната појава на морската месечина го зафати Јадранот уште во 80-тите

Кога ќе дојде во контакт со човечка кожа, се јавува силна болка и се јавуваат повреди слични на изгореници, кои тешко се лекуваат, оставајќи зад себе депигментација на кожата или дури и лузна.

Од Аквариумот во Пула велат дека обично е широко распространета во топлите суптропски води на Мексиканскиот залив и Медитеранот до умерените води на Северното Море и до 4° географска ширина.

Нивната масовна појава го зафати источниот Медитеран, Јадранското Море, а потоа и Западниот Медитеран уште во 80-тите.