38-годишен Германец, чие име не е соопштено, денеска украл багер и го однел од еден во друг град, при што удрил во бројни возила, оштетил полициски автомобили и повредил полицаец, по што е застрелан и починал на самото место, пренесе „Билд“.
Тој го украл багерот од градилиште во местото Грунсфелд, во покраината Баден-Виртемберг околу 13 часот и 35 минути, а потоа тргнал кон соседното гратче Таубербишофсхајм.
Полицијата околу еден час се обидувала да го спречи и да го совлада човекот, кој продолжувал да вози со багерот, газејќи се што му се нашло на патот. На крајот, тој бил застрелан, а иако се обиделе да го реанимираат, лекарите не успеале да му го спасат животот.
На социјалните мрежи е објавено видео од моментите кога полицајците пукале во него: