Светската здравствена организација објави дека нов вид на птичји грип за прв пат стигнал до луѓето.

Официјални лица рекоа дека 59-годишен маж во Мексико починал откако бил позитивен на тестот за сојот на птичји грип Х5Н2, кој претходно не бил пријавен кај луѓето.

СЗО соопшти дека 59-годишниот жител на Мексико починал на 24 април откако развил треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност. Поединецот немал историја на изложеност на живина или други животни, додаде СЗО.

Според извештаите, на 23 мај, здравствените власти во Мексико го потврдиле првиот случај на сојот на птичји грип Х5Н2 кај маж (59), а тој бил хоспитализиран во Мексико Сити.

„Ова е прв лабораториски потврден случај на човечка инфекција со вирусот на грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и прва инфекција со птичји вирус H5 кај лице во Мексико“, се вели во соопштението на СЗО.