Познато е дека постои тенка линија помеѓу префинетоста и вулгарноста. Но, кога станува збор за згодна и убава млада дама, се вели дека таа граница е многу помала.

Но, дали може да се толерира облекување и излегување во јавност како на сликата? Со ова прашање во саботата вечерта се соочија посетителите на стариот градски центар на Дубровник, по чија најубава улица – Страдун – прошета девојка облечена во проѕирниот фустан што го гледате на овие фотографии.

Освен официјалниот фоторепортер кој ја фотографираше згодната млада девојка во различни пози, нејзиниот изглед и прошетка во провокативен фустан го привлече вниманието и на многумина од оние кои ја фотографираа, на што ниту таа ниту нејзиниот фоторепортер не се противеа.

Што мислите за ваквото облекување и дали е тоа префинетост, провокација или вулгарност?