Кај „Сити мол“, денеска околу 18.40 часот автомобил прегазил девојче, но за среќа, без фатални последици.

„Во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди” во Скопје патничко возило „мини морис” со скопски регистарски таблици, управувано од Л. Т. (19) од Скопје удрило во пешакот О.П.. По несреќата, пешакот е пренесен во ГОБ „8 Септември” за укажување лекарска помош. Во тек е увид“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Булеварот „Партизански одреди“ е еден од најнебезбедните сообраќајници во Скопје и важи за црна точка.

Пред три месеци, дваесет и двегодишната Фросина Кулакова од Неготино загина на булеварот „Партизански одреди“, откако во неа удри возило „пежо 207“ управувано од 20-годишниот Васил Јованов.

На „Партизанска“ кај „Сити Мол“ во 2022 година беше прегазена и животот го загуби и Викторија Николова од Радовиш.