Потрагата по исчезнатите Ивана (30) и нејзиниот син (4) од Подгорица за денеска е прекината поради лошите временски услови.
Поради врнежите значително е зголемено нивото на реката Морача, што дополнително ја отежнува работата на спасувачките екипи.
– Повисоките водостои доведоа до промена на конфигурацијата на теренот, како и до дополнителна заматеност на водата. Видливоста е буквално нула. Денеска го пребаравме просторот во регионот Ботун, без резултати. Потрагата ќе продолжи утре. – изјави Данило Мијајловиќ од Регионалниот нуркачки центар Бијела.
На местото на настанот се присутни десет нуркачи, како и припадници на нуркачката спасувачка служба од Котор и Никшиќ. Сите се поделени во тимови.
Триесетгодишната Ивана исчезна во вторникот вечерта со својот четиригодишен син.
Нејзиното исчезнување веднаш го пријавиле нејзиниот сопруг, односно татко на малото момче, а на местото на настанот биле испратени спасувачи. Нејзиниот автомобил бил пронајден паркиран на брегот на реката Морача до мостот Луча.