Најмалку тројца цивили загинаа кога руски минофрлачки сили нападнаа мост во близина на Ирпин, град северозападно од Киев, преку кој цивилите се обидоа да побегнат.
„Њујорк тајмс“ пишува дека биле убиени тројца членови на исто семејство. Истите медиуми објавија дека помали групи луѓе се обиделе да побегнат од градот трчајќи по патот, на кои им помогнале украинските војници во нивното бегство.
Фотографот на Њујорк Тајмс направи крајно вознемирувачки фотографии од тројца цивили кои беа убиени при обидот да побегнат.
Residents run from Russian shelling in Irpin, near Kyivhttps://t.co/OLwUQ5CwwV pic.twitter.com/PHI5dOPmj8
— BBC News (World) (@BBCWorld) March 6, 2022
На фотографијата се гледа четиричлено семејство – мајка и две деца кои лежат мртви на тротоарот, а украинските војници се обидуваат да го спасат животот на ранетиот татко. Децата се син тинејџер и ќерка кои, според Њујорк тајмс, има околу осум години.
Семејството, обидувајќи се да побегне од Ирпин носело куфер и неколку ранци, а со себе земале и мало куче. Тие беа убиени во минофрлачки напад.
Руските сили денеска истрелаа минофрлачки гранати врз мостот преку кој цивили, меѓу кои и деца, се обидуваа да побегнат. Украина ги обвини руските сили дека намерно ги таргетирале патиштата за евакуација од Ирпин.
„Додека трчавме по патот кон автомобилите на волонтери кои не чекаа, постојано бевме гранатирани“, изјави еден цивил за Би-Би-Си.
„Слушнавме експлозии насекаде, а војниците ни викаа да се фрлиме на земја“, додаде тој.
Во продолжение ви пренесуваме снимка од Ирпин која е направена порано денеска. Ве предупредуваме дека снимките се вознемирувачки.
The video of the Russian troops shelling civilians trying to evacuate from Irpen, the Kyiv suburb, got on tape. pic.twitter.com/IdjpvthKj0
— Franak Viačorka (@franakviacorka) March 6, 2022