Убава вест од гинеколошката болница во Чаир – „Мајка Тереза“.

ТВ 24 дојде до информација дека 50-годишна трудница роди здраво бебе по 27-годишна битка со стерилитет.

Од болницата велат дека целиот медицински тим од лекари – гинеколози и сестри, целата бременост успешно ја третирале, мајката и бебето се добри и деновиве треба да ја напуштат болницата.

Ова, според статистиките на болницата, е највозрасната родилка регистрирана во болницата во скопски Чаир.