Согласно договорот за техничка влада, премиерот Димитар Ковачевски на 28-ми јануари ќе поднесе оставка од функцијата.

Тој ова вечерва го изјави во емисијата 360 степени на МРТ1.

Ковачевски рече дека и овие избори ќе се организираат согласно законот за техничка влада, но поддржува идеја за укинување на Договорот од Пржино.

За ваквата идеја согласна е и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку во јавноста за технички премиер се споменува името на Талат Џафери, а за претседател на Собранието предлог на СДСМ. Но Ковачевски не сакаже да ги потврди овие наводи.