Утрово на 39-годишна возраст почина Невен Вуљанковиќ, натпреварувач во првата сезона на шоуто „Живот на вага“. Симпатичниот кандидат кој остана запаметен како најтешкиот кандидат во првата сезона почина во болница, дознава RTL.hr.
Веста за неговата смрт ја шокираше и растажи продукцијата и другите кандидати од првата сезона со кои Невен се бореше против вишокот килограми.
Во првата сезона, тој беше кандидат со најголема телесна тежина. Во шоуто влегол со 240,2 килограми, пред се затоа што сакал да има деца, што го спречила неговата тежина.
Живеел во Врбовец.
– Кога ја запознав Ивана имав 140-160 килограми. Во последниве година и пол веројатно многу „натепав“, надвор од сите граници, тоа веќе не го сакам, рече Невен во своето излагање пред публиката.
– Човекот со текот на времето паѓа во депресија, нема желба да оди никаде, ништо не ти стои убави… Стигнав до фаза што е воопшто тешко да се најде било што, додаде тој и заклучи:
– Се оженив. Изградив куќа, работам, но мислам дека најголемото достигнување би било да ослабам до одредена тежина.