Македонската модна сцена во тага деновиве поради смртта на манекенот Филип Алексовски, член на модната агенција Модел Ин во чии рамки градеше долгогодишна успешна кариера.

– Веста за неговата смрт нè натажи сите, во негова чест да се потсетиме на кариерата на овој манекен со маркантен и специфичен изглед, објави порталот stylist.mk.

Роден е на 1 октомври 1993 година во Скопје, а со манекенкство почнал да се занимава во 2008 година кога се појавил на кастинг во модната агенција Моделс Ин.

-Потоа ги посетуваше нашите курсеви во 2010 година и од тогаш активно работеше како модел кај нас и во Белград. Беше на првата роденденска реклама за Скопје Сити Мол, два пати беше заштитно лице на модниот бренд Румор, се појави во кампањи за Bistisani, Sheezick na Reezick, Nike, реклами за Apple Bandit и Pepsi, фотосесии за Fashionel.mk, модни ревии за Кокев, Made in Macedonia, FSWK, Ристо Бимбиловски, Јован Петровски… Последната ревија му беше во јуни на настан на Британската амбасада, кога носеше модел на реномираниот дизајнер Никола Ефтимов. Исклучителен професионалец и модел кој поседуваше огромни квалитети како одговорност, прецизност и посветеност, Филип остави голема трага на македонската модна сцена и ќе го паметиме како урбан и прекрасен лик, а јас лично како квалитетен модел кој се појавува еднаш на 50 години. Огромна чест и привилегија е што беше дел модната приказна на Моделс Ин повеќе од 10 години – изјави Алек Наумовски од Моделс Ин.

📷

📷

📷

📷

📷