Паско Кузмановски најлегално, лиценцирано и со сите дозволи, работи (сервисира) оружје, занает за кој и јавно зборува уште пред многу години пред тв камерите. Кој е од Крушево, го познава “Сандокан”, пишува Филевски Игор.

Денес откако молскавично одекна веста дека МВР во Крушево приведе дедо кај кого е пронајдена огромна количина на оружје, истата објава наиде на оромна лавина коментари на социјалните мрежи, па тука се поставува прашањето дали МВР има сознаие дека дедо Паско го чувал оружјето за себе или за продажба на црниот пазар?!? или истото било донесено на поправка?!?? или пронајденито оружјето го чувал за резервни “делови” со оглед дека неговиот занает е поправка на секаков вид на оружје?!?

Во продолжение ви го прикажуваме видеото од дедо Пецо Кузмановски кое е снимано пред осум години, во кое јасно и гласно кажува како го поправа оружјето и од кого го наследил овој занает… ВИДЕО ТУКА

Во прилог ја прикажуваме и веста од МВР: Претрес во Крушево, пронајдена поголема количина на оружје и муниција

Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли. За случајот е известен Јавен обвинител.
По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.