Се чини дека сепак не било така како што во прв момент изледаше по убиството на Михалис Кацурис, фанот на АЕК кој пред три дена беше убиен по инцидентите со БББ, со фановите на Динамо Загреб.
Најновата вест од Грција, барем според тамошните медиуми, вели дека убиецот бил Грк, фан на Панатинаикос и дека истиот бил уапсен.
Секако дека ова е голем пресврт по се она што се кажуваше, известуваше и анализираше по инцидентите и убиството на Кацурис во понеделникот вечерта или вторникот рано изутрина.