Стојан Илиќ (38) од приградската белградска населба Рипањ попладнево ја избоде до смрт Невена П. (16), а во семејниот дом тешко ги повредил нејзината мајка, баба и вујко. Нејзиниот татко не бил во куќата кога се случила трагедијата.
Телото на несреќната девојка е пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина. Имала неколку убоди на стомакот. Лекарите се обиделе да го оживеат девојчето, но не успеале. Неофицијално, Стојан мислел дека врз него е фрлена црна магија и дека тоа го направиле неговите соседи, објавија првично српските медиуми.
Илиќ е обвинет за тешко убиство и се соочува со доживотен затвор. Осомничениот досега бил пријавуван во полиција 20 пати. Инаку, како што објавија српските медиуми, станува збор за семејство кое има шест деца и кое живее во многу тешки услови.
Блиц.рс: ПРЕСВРТ ВО КРВАВИОТ ПИР: Стојан прво ја силувал и убил девојка, па се вратил да ѝ го убие семејството?
Девојката која ја убил Стојан Илиќ (38) била во емотивна врска со убиецот, објави „Блиц.рс“. Како што раскажува сосетка за порталот, кај кого притрчала сестрата на убиеното девојче, Стојан ја силувал, па ја убил девојката, а потоа дошол кај нив дома да ги убие и нив.
– Стојан ја прободел девојката во стомакот и градите – вели изворот на Блиц.
– Како што ни раскажа сосетката, кај кого дотрчала сестрата на убиеното девојче, Стојан ги однел братот на девојката и девојката до продавница, а кога братот излегол од автомобилот, со тинејџерката тргнал кон шумата. Како што тврди сосетката дека ѝ кажала сестрата на убиената, тој наводно ја силувал и убил во близина на пругата. Потоа, како што вели соседот, дошол во куќата на убиеното семејство и започнал со крвавиот пир, објави Блиц.рс.
– Ги нападнал нејзините браќа и сестри, а најмладите членови на семејството се сокриле под креветот, ни раскажа сосетката која прва ја видела нејзината сестра убиена, објави порталот.
– Ја уби сестра ми, а потоа дојде по нас – низ солзи рекла сестрата на убиената тинејџерка. Соседите за „Блиц“ велат дека Стојан имал психички проблеми.
📸
📸
📸
📸