Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „ДоказМ“е ослободен од обвинението уцена во обид од член 259 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, бидејќи ги немало сите елементи на кривичното дело, велат од Апелациониот суд за Телма.

Ова е само едно од повеќето кривични дела за кое се товареше Стаменковски, а кое претходно беше веќе еднаш вратено на повторно судење во Кривичниот суд. На расправа во Апелациониот суд пред некој ден била донесена ослободителната пресуда, која не е правосилна и Стаменковски има право на жалба.

Тој се гонеше дека уценувал поранешен директор на Царина, а се бранеше дека сите информации ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои ги нарекуваше свои „соработници“.

За другите дела за кои беше обвинет како ширење на расистички и ксенофобичен материјал на интернет и уцена и злоупотреба на лични податоци, Стаменковски доби 3 години и 1 месец казна затвор.