Исчезнатиот тинејџер од Хјустон, наводно, бил пронајден жив во саботата со исеченици и модринки по целото тело, откако исчезнал како тинејџер пред осум години, соопштија локалните власти и семејството, пренесоа американските медиуми. Тексашкиот центар за исчезнати лица објави дека Руди Фариjас (25), кој беше пријавен за исчезнат во 2015 година кога имал 17 години, конечно се вратил кај своето семејство, но потоа дошло до шокантен пресврт, пренесува The Independent.

Активист од Хјустон кој му помага на Фаријас тврди дека младиот човек всушност бил заробен дома цело време со неговата мајка која сексуално го злоставувала. Фаријас се најде на насловните страници претходно оваа недела кога неговата мајка, Џени Сантана, им кажа на новинарите дека бил пронајден откако исчезнал на 6 март 2015 година.

Властите најавија дека ќе го интервјуираат Фаријас по тврдењата на соседите дека тој никогаш не исчезнал и дека го виделе. Поврзани обвиненија сега се појавија против мајка му, откако офицерите на ХПД и советникот Квенел Икс го одвоија младиот човек од неговата мајка за да го испрашуваат за тоа каде се наоѓа во последните осум години.

„Слушнав ужасни работи од тој млад човек и не сакав да ме види како ронам солзи, но не можев да ги задржам“, изјави Квенел Икс за новинарите и додаде „ниту едно дете не треба да биде така третирано од сопствената мајка“.

Адвокатот тврди дека Фаријас рекол дека неговата мајка сексуално и физички го малтретирала, го принудила да зема халуциногени печурки и го држела скриен во куќата додека таа тврдела дека исчезнал и јавно се залагала за негово безбедно враќање.

„Го натера да глуми татко. Му рекла дека мора да и биде сопруг“, изјавија истражителите и додадоа дека мајка му го терала да спие во кревет со неа без облека. Квенел Икс рече дека Фаријас првично избегал кога исчезнал во 2015 година, но се вратил дома само два дена подоцна. Потоа, Сантана, наводно, му рекла дека ќе мора да се крие и дека ќе биде уапсен доколку некогаш се обиде повторно да побегне.

„Значи, таа го врати во куќата и прво го сокри, кога и да дојдоа истражителите, таа го криеше во куќата“, тврди тој.

Тој само велеше: Не сакам да одам во затвор, а наводно Фаријас рекол дека му е здосадено „да живее како роб“, исто така тврдејќи дека Сантана наводно го однела на работа со неа и го принудила тој да ја земе нејзината работа.

„Го дрогираше. Таа го убеди дека полицијата сака да го стави во затвор, дека полицијата го бара затоа што побегнал и дека затоа што побегнал, тие ќе одат во затвор. Го украде автомобилот на неговата мајка и тој избегал некаде последните недели. Фаријас подоцна беше пронајден пред црквата на раскрсницата на 76-та и К авенијата.

Соседите изјавија за КТРК дека во последните години често го гледале Фаријас во соседството и биле шокирани кога слушнале дека тој исчезнал пред речиси една деценија. Тие за медиумите изјавија и дека младиот човек во соседството е познат како „Долф“ што е скратено од Рудолф.

„Тој влегуваше во мојата гаража и се дружеше со син ми и ќерка ми“, изјавила сосетката Киша Рос за весникот The Independent.

Квенел Икс тврди дека мајката му дозволила на Фаријас да ги посетува соседите под лажно име и дека Сантана мислела дека поминале доволно години и луѓето заборавиле на случајот. Четворица приватни истражители кои се обиделе да го лоцираат Фаријас изјавиле дека се загрижени дали мајката ја кажува вистината.

-Овде има нешто темно и валкано, рече своевремено истражителката Бренда Пердајс.

Полициската управа во Хјустон соопшти дека нема да ги коментира наводите против Сантана.

„Детективите од нашата Единица за исчезнати лица денеска го интервјуираа г-дин Руди Фариас (25) и неговата мајка“, се вели во соопштението за медиумите.

„Иако има извештаи за објавување на дел од содржината на интервјуто, нашите детективи во овој момент не се во позиција да разговараат за спецификите на интервјуто или дали содржината што се објавува е целосно фактичка“ соопшти полицијата.