По снимката на која таеквондо тренерот и удира шлаканица на осумгодишната натпреварувачка од Косово која загуби од Србинката Нина Савиќ во финалето на турнирот во Тирана, тренерот Ваљмир Фетиу се огласи за Клан Косова и откри дека ја удрил неговата ќерка Валина не затоа што изгубила од Србинка, туку затоа што била „дезориентирана”.
“Таа е моја ќерка и никој не ја сака повеќе од мене. Во моментот кога девојчето беше дезориентирано и луто што загуби од српската натпреварувачка, лежеше на земја не можејќи да го прифати поразот. Едноставно сакав да ја смирам и да и дадам до знаење дека и покрај поразот таа е вицешампион и дека ќе има други можности“, рече Фетиу.
Тој рече дека медиумите во Косово „паднале на српската пропаганда“.
„Медиумите во Косово паднаа на српска пропаганда затоа што се обидоа да му дадат поинаков правец на тој момент. Повторувам, јас сум и татко, жена ми, мајката на Валина беше таму, на неколку метри. Ниту еден Србин или Бошњак не може да ја сака мојата ќерка повеќе од нејзините родители, 12 месеци работам со Валина за овој натпревар и ќе работам за неа цел живот“, рече тој.
На Европското првенство во таеквондо во Тирана за девојчиња на возраст од шест до осум години, се случи скандал кога тренерот повеќепати и удри шлаканица на натпреварувачката од Косово, Валина Фетија, која го загуби мечот од српската натпреварувачка Нина Савиќ.
— Pluton (@Pluton45873221) November 10, 2024
Но, неговите оправдувања не можеа да поминат. Веднаш бил суспендиран на шест месеци, а расплаканата девојка ја тешел еден од судиите на споменатиот натпревар.