Полицијата негираше дека за нејзиното убиство е осомничен поранешниот сопруг на Горица Медојевиќ (39).
Медојевиќ е убиена синоќа по полноќ во дворот од куќата во улицата Манастирска во населбата Забјело во Подгорица.
„Не се точни наводите објавени во одредени медиуми дека поранешниот сопруг на Г.М. е осомничен за ова дело. Службениците на Одделението за безбедност на Подгорица заедно со службениците на Секторот за борба против криминалот и во соработка со Вишото државно обвинителство Канцеларијата во Подгорица преземаат интензивни мерки и дејствија од нивна надлежност за расветлување на настанот“, соопштија од полицијата.
Оттаму додаваат дека во текот на ноќта и денеска се преземени бројни извидувачки мерки и дејствија за утврдување на предмети и траги, како и други оперативни, тактички, технички и доказни мерки и дејствија насочени кон откривање на сторителот или сторителите на ова кривично дело.
Јавноста ќе биде навремено информирана за сите преземени дејствија и исходот“, се вели во соопштението.