Тричлено семејство од Босна и Херцеговина изврши колективно самоубиство во саботата вечерта, а медиумите во неделата објавија дека биле поттикнати од тагата поради смртта на нивната внука, односно ќерка, која имала леукемија.

Невидена трагедија се случи во селото Добрљин кај Нови Град (Босански Нови), каде полицијата во семеен дом пронајде безживотни тела на две жени и еден маж со тешки повреди.

Извештајот на очевидците откри дека маж со огнено оружје убил две жени, а потоа самиот се обидел да се самоубие. Тој починал на пат кон болница. Истрагата покажала дека убиените се мајката на З.З и ќерката на Љ.К., а нивниот убиец, а потоа и самоубиец е синот на иницијалите Ж.З.

Како што јави телевизијата ATV, истражителите во куќата пронашле дури седум проштални писма до други членови на семејството и пријатели, од кои се чини дека тројцата решиле да го направат овој чин откако тешко болната внука, односно ќерка на Љ.К почина во мај.

„Во писмата се наведува кој да ги закопа и каде… Оставени се банкарски картички со писмата, и напишани се пиновите за да може да се подигнат пари за погребни трошоци“, цитира АТВ извор близок до истрагата. Три дена пред да си ги одземат животите, нарачале и три ковчези во кои ќе ги закопаат.

Се претпоставува дека пред убиството и самоубиството сите тројца вечерале, пиеле ракија, се истуширале и се пресоблекле, ја заклучиле вратата, а од бравата го извадиле клучот за подоцна да може се влезе во куќата.