Зоран Марјановиќ, кој беше осуден на 40 години затвор за убиството на сопругата Јелена Марјановиќ, е пуштен од притвор, потврдија за „Блиц“.

Да потсетиме, на Марјановиќ му се судеше за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ.

Агонијата за случајот со убиството на пејачката Јелена Марјановиќ трае повеќе од седум години. Зоран Марјановиќ, кој минатата година првостепено беше осуден за нејзиното убиство, повеќе од 12 месеци беше во ќелијата на Централниот затвор и ја чекаше правосилната пресуда бидејќи предметот беше во Апелација речиси 9 месеци.

Зоран Марјановиќ пред точно една година и два месеци со првостепена пресуда беше осуден на 40 години затвор за тешкото убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ, во канал на насип во населбата Црвенка.

Оваа пресуда е донесена точно шест години по убиството на пејачката, на 22 јули минатата година.