Ученик во трета година во Текстилното училиште од Лесковац починал откако денес бил претепан околу 14 часот во близина на Хемиското училиште, објави „РТС“.
Младото момче родено 2007 година било однесено без свест, без пулс, и со со немерлив крвен притисок.
– Веднаш беше започната интензивна реанимација, но за жал во 15 часот и 45 минути настапи смрт, изјавил д-р Небојша Димитријевиќ, директор на Општата болница во Лесковац.
Г.В., згрижувач на тинејџерот А.И.(17), кој денеска им подлегна на повредите откако беше претепан од двајца врсници, се наоѓа пред Општата болница во Лесковац, каде почина младиот човек. Скршен од болка плаче и тагува по изгубеното момче.
По несреќата тој дал изјава во полиција и рекол дека А.И на пат како и секој ден мирно се враќал од училиште.
– Никого не допираше, мирно се враќал дома по рутата по која секој ден оди од училиште – рече Величковиќ видно потресен и во шок.
Семејство во солзи
Семејството кое се грижело за убиениот тинејџер не може да ја сокрие тагата поради овој трагичен настан.
Г.В потврди дека момчето живее со нив од 2011 година, заедно со неговиот постар брат кој завршил средно училиште и се запишал на факултет.
Убиениот млад човек е од Лесковац и има полубрат, бидејќи неговата мајка се премажила. Татко му починал одамна, а на мајка му законски и е одземено старателството поради грубо запоставување на детето.
– Двајцата браќа се прекрасни деца – велат старателите.
Неколку часа по нападот на момчето кое им подлегна на повредите, полицијата уапси неколку малолетници.