Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници, донесе одлука за помилување на седум осудени лица, од кои едно потполно, а шест лица делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.

Шестемина осудени лица се помилувани во траење од три месеци, а едно лице три месеци и четири дена, што кај него доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор.