БиХ – Пратеникот Срѓан Тодоровиќ, неговата сопруга и постарата ќерка (11) загинаа денеска во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот „9. Јануари“, а со нив во автомобилот биле и помалата ќерка и синот на возраст од 9 и 7 години.
Како што потврди за Српскаинфо пријател на семејството на Срѓан Тодоровиќ, повредените деца се добро, нивните животи не се загрозени и се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на РС во Бања Лука.
-Децата ќе бидат добро, барем што се однесува до повредите, но не знаат што се случило. Не знаат дека ги изгубиле родителите и постарата сестра – вели соговорникот на Српскаинфо.
И директорот на УКЦ РС, Владо Ѓајиќ, претходно потврди дека повредите на главата и телото, со кои децата се здобиле во сообраќајна несреќа, не се опасни по живот.
– Повредите се адекватно третирани, а пациентите се хоспитализирани и во тек е понатамошна дијагностика и терапија – рече Ѓајиќ.