Српската водителка Јована Јеремиќ неодамна откри дека за време на летување доживеала помал срцев удар.
Сè се одвивало на плажа на црногорското приморје, а за среќа таму бил нејзиниот тогашен сопруг Воислав Милошевиќ за да и ја пружи потребната помош.
Јована раскажа дека се се случило на плажа додека читала книга, а во еден момент ја зафатила силна топлина.
Сакајќи да се освежи, таа скокнала во морето, но набрзо почувствувала страшна болка во градите и почнала да се гуши. Со тогашната брза реакција на нејзиниот сопруг, водителката била извлечена од водата и пренесена во болница, каде лекарите и дијагностицирале лесна форма на срцев удар.
– Доживеав лесна форма на срцев удар, кој, за среќа, не остави никакви последици. Не ми паднало на памет дека такво нешто може да ми се случи – се присети Јована и додаде:
– Се сончав додека читав книга и во еден момент стана пеколно жешко, па буквално истрчав до морето и скокнав во водата. Одеднаш ми се слоши, почнав да се давам. Страшна болка во градите ме парализираше, останав без воздух. Воја забележа дека нешто ми се случува, ме извади од водата, ми даде вештачко дишење и веднаш ме однесе во болница – објаснува Јована.
Како што тогаш ѝ рекле лекарите, поради прегревање и нагло скокање во студената вода срцето и застанало, но со брзата интервенција на поранешниот сопруг ја примила потребната терапија и сега редовно зема лекови за да се чувствува подобро. .
-Ми рекоа дека се работи за срцев удар бидејќи сум се прегреала и сум скокнала во студена вода. Ги направија сите потребни испитувања и ми беше дадена терапија која редовно ја пијам. Па, сè е добро благодарение на мојот поранешен сопруг. Тој ми го спаси животот, а јас му го уништив одморот – изјави во една прилика за „Свет“ водителката на Пинк.