Млада мајка и нејзиното бебе денеска починале при породување во босанскиот град Бихаќ, објави порталот „Аваз“. За оваа голема трагедија никој не сакал да зборува од Кантоналната болница „Д-р Ирфан Љубијанкиќ“.
Како што се дознава, починатата жена е родена 1996 година, од Босански Петровац. На социјалните мрежи голем број граѓани се збогуваат, но повикуваат и на одговорност.
Се верува дека утре ќе има повеќе информации за оваа невидена трагедија.