Пријателите и познаниците доцна вечерва на социјалните мрежи се простуваат од Сафет Ајдаревиќ, познатиот скопски лик кој секогаш насмеан ширеше позитивна енергија.

Ненадејната смрт ги остави во шок, тага и неверување неговите најблиски и пријателите, а причините за смртта засега не се познати.

– Се одјави бе Сафет, онака насмеан како што беше секогаш. Не’ остави во неверување дека можеш да ни го направиш ова. Не оставаш со незаборавни спомени. Господ нека да те награди со Рајот, брате наш, напиша на социјалните мрежи снимателот Аслан Вишко.