Александра Пријовиќ го одржа вториот концерт во преполната „Зетра“ во Сараево, а освен неверојатната атмосфера, нејзините аутфит комбинации и песни, овој спектакл ќе го одбележи и моментот кога таа поради две девојки престана да пее и му се обрати на обезбедувањето.
Во публиката која била во транс, Александра видела две девојки кои неверојатно се радувале на секој нејзин хит, а таа застанала и побарала од обезбедувањето да ги пушти кај неа:
– Би ве замолила да ги пуштите овие две прекрасни девојки, само да ги гушнам – рече Александра, која потоа клекна на колена и ги бакна и прегрна.
– Ве бакнувам и ви благодарам. Прекрасни сте, ве гледам цела вечер – им рече Пријовиќ, а потоа продолжи да пее.