Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди колумбиската престолнина Богота, информира Колумбискиот геолошки институт. Потресот предизвика паника, па луѓето од канцелариите и рестораните веднаш излегоа на улиците.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, а неговиот епицентар бил на 18 километри северно од Вилависенсио, град со повеќе од 320.000 жители.
Епицентарот се наоѓа на околу 10 километри северно од градот Кумарал, а фокусната длабочина се проценува на 14 километри. Неколку минути подоцна следеше силен последователен потрес со јачина од 5,7 степени, од истиот епицентар.
Жителите и работниците во страв излегоа на улиците на главниот град на Колумбија. Засега нема извештаи за жртви или сериозна материјална штета.
Колумбиската агенција за цивилна заштита извести дека биле скршени прозорци во неколку згради во близина на епицентарот, додека лизгање на земјиштето погодило автопат во регионот Вилависенсио.
BREAKING: People rushed out of buildings after major earthquake in #Bogota, Colombia.#Earthquake pic.twitter.com/x14xxdJPxz
— World Times (@WorldTimesWT) August 17, 2023
Woahh😱 another video of the M6.3 #earthquake that hit #Colombia earlier. The epicenter was in the municipality of Calvario Meta.
video via: @AldumarForeroO#Temblor #ElCalvario #Bogota pic.twitter.com/qrsFW4AI97
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) August 17, 2023
Another video-Colombia-Massive 6.3 magnitude #earthquake hit #Bogotá, #Colombia.#deprem #SismosColombiaSGC #Bogotá. #sismo #temblor #terremoto #Colombia pic.twitter.com/ZpoRrojSHj
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) August 17, 2023