Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела полов напад и силување.
„Против осомничениот е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември годинава, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот.
Бидејќи се работи за кривично дело против половата слобода и моралот и затоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од судот е прифатена“, информираше Јавното обвинителство.