Кога лежиме на кревет во текот на денот додека одмораме или во текот на ноќта кога спиеме, нашиот ум потсвесно ја впива енергијата од местата на коишто се наоѓаме, па под креветот, според правилата на фенг шуи, не би требало да има ништо, освен еден исклучок!

Па така, генерално просторот под креветот треба да биде отворен. Многу луѓе сепак практикуваат под креветот да складираат работи што не ги користат, а според правилата на фенг шуи тоа е голема грешка.

Доколку сакате добар проток на енергија во домот, под креветот не треба да чувате ништо освен овој предмет. Тој предмет е „кутија со богатство“.

Станува збор за специфична фенг шуи алатка за привлекување одредени желби. За почеток, треба да одберете кутија во која ќе ги чувате работите, а најдобро би било да биде дрвена, бидејќи дрвото претставува приземјена енергија на раст, напредок и дејство.

За да знаете што треба да ставите во вашата кутија, прво морате самите себеси да си го поставите прашањето: „што ме прави среќен/на?“

Одберете предмети кои мислите дека ќе ви внесат позитивна енергија во животот. Тоа нека бидат предмети кои ќе ги претставуваат вашите животни желби и склоности.

-Ако сакате повеќе пари, исполнете ја кутијата со банкноти, накит, злато, скапоцени или полускапоцени камења, кристали, но немојте да ставате монети во неа.

-Ако, пак, сакате љубов, наполнете ја кутијата со црвена боја – со свеќи, со природни мириси, миризливи кремови и масла.