Додека Австријците деновиве масовно бегаат кон морето, езерата и планините од пеколните горештини, многу нивни невработени сожители, регистрирани во Државниот завод за вработување (АМС) мака мачат со одговорот на прашањето дали и тие можат да одат на море во лето или да го посетат семејството во странство?
„Можат, но за тоа време треба да се одјават од АМС. Законот за осигурување во случај на невработеност предвидува дека мора да останат во државата. Секако дека може да одите на годишен одмор, но за тоа време не може да се добиваат бенефиции за невработеност“, објасни шефот на АМС, Јоханес Копф, во интервју за дневниот весник „Хеуте“, откако добил бројни барања од невработени лица во Австрија.
Меѓу нив, значителен број од земјите од поранешна Југославија. Затоа, нема одмор во странство на трошок на државата. Според Хеуте, до крајот на јуни годинава во Австрија како невработени во АМС биле пријавени 307.732 лица.
Од нив, 239.301 биле невработени, а 68.431 биле на дообразување. Она што се смени во последно време, а не им одговара на многу невработени лица, е одлуката АМС да може да испрати лице во друга австриска провинција на работа, доколку се бара работен профил, кој го има дотичниот.