Видеото на инфлуенсерката Ајна Спахиќ од бутикот на Зара во Сараево за три дена привлече три милиони прегледи, а прикажува сосема празна продавница.
По контроверзната реклама на Зара, во која многумина препознаа исмејување на страдањата во Газа, повиците за бојкот на брендот ги преплавија социјалните мрежи, а се чини дека успеаја и во Сараево.
Имено, на профилот на Ајна Спахиќ на Инстаграм можете да најдете видео кое за три дена собра три милиони прегледи на кое се гледа состојбата на продавницата на споменатиот бренд.
Ајна влегла во продавницата која била целосно празна и додека ја покажувала состојбата рекла: „Дозволете ми да ви ја покажам Зара во Босна и Херцеговина, многу сум горда“.
Заедно со видеото напиша: „Зара во Сараево е празна! Босанците навистина рекоа не“.
Покрај повиците за бојкот, на социјалните мрежи кружеа видеа од протести во продавниците на брендот ширум светот, а додека некои пишуваа графити на ѕидовите, други се појавија во продавниците носејќи традиционални палестински шамии и со чанти во рацете кои наликуваат на трупови.
За потсетување, веднаш по објавувањето на спорните фотографии тие предизвикаа многу негативна реакција, а по серијата повици од корисниците на социјалните мрежи ширум светот, Зара ги отстрани фотографиите од нивните профили. Сепак, многумина се согласуваат дека оваа нивна постапка не ги менува фактите и повикува на бојкот на брендот.