Професорка по математика во СУГС Раде Јовчевски-Корчагин, на социјалната мрежа Фејсбук се пожали на нова грешка во учебник. Имено, збирот на внатрешните агли во триаголник е секогаш 180, но на графикот објавен од страна на професорката во учебникот изнесува 190.

„Ја сакам математиката, меѓу другото, и заради доследноста. Збирот на агли во триаголник (во Евклидова геометрија) секогаш досега бил 180 без разлика кој бил на власт или кој ја изгубил војната. Одеднаш -190! Нешто сум пропуштила! Живот во заблуда! Ми се плаче, ми се урла!“, стои во објавата на професорката по математика на ФБ.

Ја сакам математиката, меѓу другото, и заради доследноста.
Збирот на агли во триаголник (во Евклидова геометрија)…

Posted by Frosina Mitruseva on Monday, December 11, 2023