„Во убиствата е најтешко првото, потоа сторителите на убиства како што кажуваат, не размислуваат“.

Вака кажа професорката од факултетот за безбедност Светлана Николоска во „Клик Плус“ на ТВ21 зборувајќи за двојното убиство од првоозомничениот Љупчо Палевски – Палчо.

„Убиецот веќе направил едно убиство. Во убиствта велат дека е најтешкото прво, после сторителите на убиства, кажуваат, не ни размислуваат. Дури има убијци дека после првото убиство, од страв да не го издадат, убиваат се што ќе им излезе на пат“, рече Николоска.