Урош Блажиќ (21) кој утрово беше уапсен под сомнение дека убил осум лица и ранил 13 во околината на Младеновац, на социјалните мрежи се пофалил со својот имиџ на „жесток тип“, негов идол бил осудениот криминалец Кристијан Голубовиќ, а неговиот најдобар пријател беше учесник во реалното шоу „Задруга“.

Блажиќ е најдобар пријател на поранешниот учесник во „Задруга“ Никола Ѓорѓевиќ. Тие објавија заеднички фотографии на Инстаграм, а пред само шест дена Блажиќ и Ѓорѓевиќ се пофалија со дивото возење низ градот.

Пред извесно време, Никола Ѓорѓевиќ на Инстаграм објави видео на кое се гледа како Урош Блажиќ се капе во ледено езеро и вели дека тој е „малиот Кристијан Голубовиќ“, поранешен затвореник кој очигледно му бил пример.

– Што е ова? Мали Кристијан, а? Мали Кристијан? – вели Блажиќ на видеото. На Инстаграм профилот на Блажиќ беа објавени фотографии на кои тој се претставува како „жесток тип“.

Блажиќ е уапсен утрово во околината на Крагуевац по целоноќна потрага. Тој е осомничен дека убил најмалку осум лица и ранил 13 во селата околу Младеновац.

Никола Ѓорѓевиќ со убиецот

– Тој е ненормален, како и неговото семејство. Еднаш бил запрен од полицијата, излегол од автомобилот и го нападнал полицаецот. Знам дека еднаш беше уапсен за муниција. Сакаше сплавови, идол му беше Кристијан Голубовиќ. Возеше мотор, влегуваше во селото и возеше 200 километри на час. Така единствено го гледавме – велат познаници на Блажиќ.