„Го спакував капутот што многу ѝ се допаѓаше, и ги подготвив и чевлите, но велат дека не можат да ги облечат бидејќи и се скршени глуждовите…“
Со овие шокантни зборови Никола Ќириќ, сопругот на Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ, која вчера почина додека чекаше превоз пред настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, ја започна својата шокантна исповед.
– Сања вчера отиде на цветниот пазар во Нови Сад да купи цвеќе, три пати и вртев и таа не ми одговори. Мислев дека не го слуша телефонот, кога ќе ги види пропуштените повици ќе ми се јави. Дојдов дома од прва смена, ја видов веста дека паднала настрешницата на влезот во станицата – рече со солзи во очите и додаде:
– Размислувам зошто не се појавува. И тогаш од некоја непозната причина почнувам да се нервирам, се грижам додека нешто ми се превртува во стомакот. Чувствувам дека нешто не е во ред. Викам низ дома и не можам да објаснам зошто.
Како ни објасни неутешниот Никола, кој беше седум години во брак со Сања, повикот што го добил му го променил животот.
– Влегов во автомобилот и отидов до станицата во Нови Сад. Не знам ни како возев, верувајте не се сеќавам. Дојдов таму, хаос – вели додека ги брише солзите што само му течат по лицето:
-Полицаецот ме упати во Клинички центар, отидов таму. Стојам во ходникот со часови, како некој да ме ставил таму. Ништо не чувствувам, полесно ќе ми беше некој шамар да се освестам. Да сфатам што ми се случи и каде сум.
Никола Ќириќ објасни дека по повеќечасовно чекање во болничкиот ходник стигнала најтажната вест.
-Ми се јавија соседите и ми рекоа дека полицијата ме бара. Знаев што значи тоа. Тоа значи дека ја изгубив Сања, љубов моја. Целиот мој свет. Таа ми беше се на светот. Во неа имав се што сум замислил – рекол Никола додека во неговиот семеен дом во Каќ пристигнале пријатели, роднини и познаници да изразат сочувство.
– Знаете, ова е некоја проколната судбина. Судбина и ништо друго, не знам со кои зборови би се опишало вакво нешто. Останав без Сања, а верувајте, таа никогаш не застануваше под таа настрешница. Ретко патувавме со јавен превоз, но кога го чекавме автобусот за Каќ, таа знаеше да каже дека нема да седи таму под настрешницата, ниту да биде блиску до неа, бидејќи сакаше да биде меѓу првите што ќе се качат на автобус за да може да седне. И сега како судбина била под настрешницата што се урна вчера околу 12 часот.