Потрагата по исчезнатиот сплиќанец Матеј Периш (27) влезе во седми ден, а нуркачите ja пребаруваат Сава со надеж дека ќе најдат некаква трага што ќе помогне во истрагата.

Дарко Ковачевиќ од Српската мрежа за опасност изјави дека со детално пребарување „најдени се траги“ кои би можеле да одговорат на прашањето каде Матеј влегол во Сава.

– Во принцип, телото секогаш се бара низводно доколку има информација дека некое лице воопшто влегло во водата на одреден простор. Меѓутоа, иако тоа сега не е целосно потврдено, пронајдени се некои траги, па постои основано сомневање дека местото на влезот било многу повеќе низводно, па во тој случај тргнавме од таму. Тоа се некои лични предмети кои се пронајдени. Сега се истражува секоја можност, сите навистина се грижат да го најдат тој млад човек. Сите се уште се надеваме дека ќе го најдеме во некои многу посреќни околности, изјави Ковачевиќ.

Нуркачите продолжуваат да бараат

Тој објасни дека нуркачите се соочуваат со исклучително тешка и напорна работа која дополнително е отежната поради слабата видливост и ниските температури.

– На брзите води видливоста е страшно слаба. Низ должината на реката, нуркачот не може да гледа и се што се прави, се прави со допир. Би било невозможно целиот тој потег да се пребара нана допир, потребно е многу време. Второ, временските услови се лоши – овој период од годината температурата на водата, која е 5,6 степени, значително ја намалува подвижноста на луѓето во водата, без разлика на сите суви одела и секаква технологија. Нуркачите можат да издржат од 15,20 минути до половина час максимум, па затоа се менуваат. Тоа е како да бараме игла во стог сено на толку голема површина, а потоа чекаме некоја, каква било, конкретна ситуација, како оваа вчера. Значи, пронајдени се некои траги, потрагата е стеснета, но за жал или за среќа, нуркачите не успеале да најдат ништо, изјави Ковачевиќ.

Нуркачите и денеска трагаат, а освен низводно, потрагата се врши и на околу стотина метри покрај водата од местото каде последен пат бил виден Матеј Периш.

Причината за тоа, како што објасни Дарко Ковачевиќ, е што се водат од веродостојни и проверени информации што ги имаат.

Исчезнувањето на Матеј Периш во белградската полиција било пријавено на 31 декември, откако тој дошол во Белград на новогодишната ноќ со шест пријатели. Последен пат е виден во ноќниот клуб „Готик“, додека на порталите се појавија неколку снимки од надзорните камери, на кои, како што изјави неговиот татко, без сомнение се наоѓа Матеј.