Српската полиција заедно со Ивана Илиќ анализирала видео од Виена на кое се гледа девојче која неодоливо потсетува на Данка Илиќ (2), ексклузивно дознава Информер.
Според неофицијални информации, постојат сериозни индиции дека навистина се работи за малата Данка, но проверките се уште траат.
Од друга страна, кога новинарката на Информер побара од Ивана да го коментира видеото, таа нервозно одговори дека не го видела видеото, дека не ги следи социјалните мрежи и ја спушти слушалката.
– Немам видено никаква снимка, не гледам на социјалните мрежи – рекла Ивана.
Да потсетиме, малата Данка во вторникот околу 13 часот и 45 минути била пријавена за исчезната во Бањско поле кај Бор, а поради нејзиното исчезнување за прв пат бил активиран системот „Најди ме“.
Полни шест дена полицијата врши опсежни проверки на просторот каде последен пат е видена девојката, а како што дознаваме ги проверува и најситните детали кои би можеле да доведат до разврска на овој случај.
Во меѓувреме, Србин од Виена на медиумите им достави видео кое и го предал на полицијата, на кое се гледа девојче кое неодоливо потсетува на Данка Илиќ.