Португалскиот ракометен репрезентативец Мигел Мартинс потврди дека е привремено суспендиран откако паднал на допинг тест.

„ За жал, морам да објавам дека вчера бев информиран дека примерокот што го дадов за допинг тестирање содржи забранета супстанца и дека сум привремено суспендиран “, обкавк Мартинс на Инстаграм, додавајќи дека е „длабоко шокиран од одлуката“.

„ Ќе направам се што е во моја моќ за да докажам дека секогаш сум постапувал и ќе продолжам да се однесувам во склад со вредностите на спортот “, изјави ракометарот на дански Алборг.

Тој нема да игра за Португалија на Светското првенство кое во вторник почна во Хрватска, Данска и Норвешка и нема да има никакви активности со националниот тим.

Португалија е во групата Е со Норвешка, Бразил и САД.