Припадник на организирана криминална група е убиен утрово во престрелка во Бар, неофицијално потврдија за Вијести од Управата на полицијата. Не го соопштија неговиот идентитет. Според „Вијести“, убиен е Едмонд Мустафа (29).

Полицијата го блокираше градот и трага по еден или повеќе сторители. Очевидци од рестораните на улицата Маршал Тито велат дека слушнале неколку истрели, а со жртвата била и жена, која според првичните информации и негова сестра.

– Очевидци наведуваат дека убиецот му пришол на Мустафа од зад грб и испукал истрели на оддалеченост од 10 метри. Несреќната девојка врескала и викала помош, објавија црногорските медиуми.

Очевидци изјавија дека напаѓачот побегнал со мотор, а жртвата под ротација била пренесена со возило на брза помош. Полицијата е на лице место, увидот е во тек.