Две лица загинаа доцна вечерва во тешка сообраќајна несреќа во тунелот Пеќине во Риека, извести полицијата на Приморје-Горски Котар.

Од полицијата велат дека во тунелот Пеќине, на патот Д-404, на источниот излез од Риека, околу 21 часот и 45 минути се случила сообраќајна незгода во која учествувале две возила, а две лица загинале.

Хрватските медиуми пишуваат дека дошло до судир на два патнички автомобили, Мини Купер и Фолксваген Амарок. Итната помош веднаш излегла на местото на настанот, а известен е и државниот правобранител и се очекува негово пристигнување за да се спроведе истрага и да се утврдат околностите под кои дошло до несреќата.

Подетални информации ќе има по увидот, а сообраќајот е затворен во двата правци. На возачите им се препорачува да користат алтернативни заобиколни правци.