Светските медиуми објавуваат први снимки од експлозии во Украина. Си-Ен-Ен објави видео од експлозијата во близина на Киев.

Зеленски разговараше со Бајден и европските лидери

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел, полскиот претседател Анджеј Дуда и британскиот премиер Борис Џонсон.

– Апелирам да се се запре Путин, да се запре војната против Украина и светот, сега! Правиме коалиција против Путин. Бараме итни санкции, одбрана и финансиска поддршка. Светот мора да ја принуди Русија на мир – напиша тој.

Светските медиуми објавуваат први снимки од експлозии во Украина. Си-Ен-Ен објави видео од експлозијата во близина на Киев.

📸